ФРИГОМАК

Обичните врати, исто како и лизгачките врати, се составени од материјали, додатоци и механизми со висок квалитет кои ги добиваме од познати брендови кои со својот квалитет доминираат на светскиот пазар. Тие имаат полиуретанска изолација која има трипати поголемо дејство за разлика од другите материјали кои имаат густина од 48kg/m3. Пополнување на вратите со изолациониот материјал полиуретан се остварува преку инфузија, а вратите се ставаат во загреана преса под притисок од 400 тони. Затоа лизгачките врати имаат голема механичка издржливост и се отпорни на влага. Покриени се и од внатре и од надвор со пластифицирани челични плочи со дебелина од 0.65mm, додатен слон на боја со дебелина од 200μm и отпорни се на удари и гребење.

Секоја врата има вграден автоматски механизам за затворање така што не е потребна никаква интервенција од страна на лицата кои работат и на тој начин се зголемува ефикасноста во работното време и се заштедува на електрична енергија.

Гумите кои се користат се направени од мек материјал со висок квалитет со што се обезбедува совршена херметичност. Изработена е од природен каучук и во својот состав нема материјали кои се подложни на скапување.

Сите врати имаат алуминиумски рамки кои се вградени по периметарот на вратите и овозможуваат да не којде до виткање со нивна долгорочна употреба.

На самата гума по периметарот на вратите има и систем за одмрзнување кој функционира на начин со електричен отпор.